Plant journey

Секој ден, се соочуваме со предизвикот да развиеме нови вариетети, нови бои и нови форми, а со тоа создавање на огромна разновидност на Anthura вариетети, кои се произведени во целиот свет.
Одгледување на Phalaenopsis и Anthurium е долг процес, во кој највисок можен квалитет е апсолутен стандард. Пред нашите производи да стигнат до потрошувачите, тие веќе биле на “патување” од седум до осум години.

  • Breeding

    Veredeling van Anthurium snijbloemen
    Постапката на вкрстувачко клонирање или Cross-breeding се одвива во нашите пространи стакленици. За клонирање се селектираат само најдобрите садници. Новоразвиените вариетети поминуваат преку многубројни тестови и проверки. Растенијата од одреден вариетет мора да ги дадат очекуваните карактеристики, затоа секое растение се тестира повеќе пати. Во пространиот тест центар растенијата се изложуваат на различни климатски услови.
  • Looking to the future

    Showkas Orchidee
    Најдобро докажаните вариетети на Anthurium и Orchid се изложени во стаклената градина каде се претставуваат на одгледувачите. Секоја недела нови вариетети, кои доаѓаат директно од одделот за одгледување се презентираат и се оценувааат од страна на одгледувачите и трговците. На овој начин тие имаат единствена можност да ѓи изберат нивните идни вариетети во многу рана фаза.
  • Propagation

    Vermeerdering Anthurium en Orchidee in het laboratorium
    По повеќегодишно темелно тестирање и селектирање, потенцијалниот вариетет се пропагира во нашите сопствени лаборатории. Ин-витро лабораторијата во Блајсвајк е опремена со најсовремени инсталации. Пропагацијата на Anthurium и орхидеи се врши преку култура на ткиво. Стандардите за хигиена се екстремно високи а целиот процес се врши во стерилни услови. Затоа, растенијата ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет, што резултира со здрав почеток на одгледување на младите растенија.
  • Healthy growth

    Groei van Anthurium en Orchidee in kas
    На површина од 12 хектари технолошки високо софистицирана стаклена градина, Антуриум растенијата го продолжуваат развојниот процес. Нашиот метод на култивација е иновативен и енргетски одржлив. Стаклената градина во Блајсвајк е опремена со целосно автоматизиран систем за логистика, подвижни екрани, асимилациско осветлување и навлажнување на воздухот се со цел да се обезбедат најповолни климатски услови. Младите растенија на Орхидеи се одгледуваат во Anthura Arndt- Германија, каде климатските услови се совршено прилагодени за секоја фаза од процесот на растење на растенијата со помош на компјутери.