5 години Антхура Македонија

На 19 Октомври 2019 го прославивме пет годишното работење на Антхура Македонија. Овој посебен ден го прославивме со нашите семејства, пријатели и соработници. Во прославата на роденденот на Антхура покрај возрасните, уживаа и најмалите гости. Многу радост и смеа го исполни дворот на Антхура. Беа поставени детски реквизити, децата ги забавуваа ликови од цртани филмови, многу музика и забава во кои уживаа најмалите.

Присутните со говор ги поздрави генералниот менаџер на Антхура Македонија Јохан Схеиле и Генералниот директор Стојанчо Гогушовски.

Првите вработени добија вредносни ваучери како знак на благодарност за нивното досегашно работење.

Потоа следуваше забава со музика од македонскиот пејач Влатко Лозановски и ДЏ сет.

На пет годишнината на  Антхура МК го прославивме успехот и посветеноста на секој вработен во Антхура МК. Се надеваме дека во иднина ќе славиме уште многу јубилеи, по примерот на Антхура Холандија која во 2018 славеше 80 години од нејзиното создавање.

Се радуваме на нови успеси во годините што следат.