Порачувањето цвеќиња online е многу практично, но каде ентузијастите ја пронаоѓаат својата инспирација? Каде ли одат вистинските љубители на цвеќиња?
Цветна тура низ Холандската престолнина Амстердам не само што ни влева инспирација но, истовремено и смирува. Продавниците за цвеќиња се широко застапени и одлични амбасадори на хортикултурниот сектор.
Занаетчиство
Синџирот на цветниот сектор има неколку линкови и дијалог со потрошувачите што понекогаш е тешко да се постигне. Како ние, како одгледувачи , да стигнеме до клиентите? Онлајн иницијативи се опција во подем, но вистинските продавници за цвеќе сеуште се од суштинско значење. Цвеќарниците не исчезнуваат од улиците, сега се присутни повеќе од било кога.
Искуство
Она што цвеќарницата го нема не се ни продава. Огромен е изборот кој клиентите го имаат во продавница. Со лично внимание кон посетителот, цвеќарот ни посвети време со кое ѓи стимулира сите наши сетила. Музика, мирис, боја, светлина и вкус: сè беше опфатено. Постои изобилство на цветни аранжмани за приватна, но и комерцијална продажба. Благодарение на атрактивни производи, користење на фини детали, добра услуга и лично внимание, се почувствувавме поврзани со цвеќарницата.
Зелен shopping
Исто како на модната сцена, трендовите се пратат и во светот на цвеќињата. Тие најчесто ги рефлектираат новите трендови на внатрешен дизајн. Во моментов тоа е богатството на зеленило во сите продавници. Акцентот на природата не е присутен само во цветните продавници, но исто така и во продавници за облека, а во угостителскиот сектор “надворешен изглед” е внесен во затворените простории.
Висечки растенија, зелени листови, растенија во излозите на продавниците и книги за внатрешен дизајн кои претставуваат богатство од цвеќиња и растенија. Забележавме и многу вазни од груб нерамен материјал најчесто во земјени тонови.
Природни додатоци и зелени растенија во комбинација со разнобојни цвеќиња. Ние сме обземени од сета оваа убавина. Тоа е како да внесете друг свет во секоја продавница. А сега, повторно на улица, прекрасна би била можноста да се земе парче од ова искуство дома.
Ентузијазам за пурпурна боја
Понудата на Anthurium и Орхидеи е огромна во цвеќарниците. Бевме изненадени и од големата понуда на бои. Потрошувачот има толку многу избор, но една боја се издвојува: виолетова. Тоа е трендовска боја која е особено популарна во Есен. Цвеќарите се многу ентузијасти во врска со нашите нови виолетови вариетети:
Orchid Stellenbosch, Anthurium cut flower Maravilla® and Anthurium pot plant Cirano®