Нашата приказна

Антхура МК е технолошки високо софистицирана лабораторија чија главна дејност е производство на млади растенија од видот на Phalaenopsis. Горди сме што сме дел од меѓународната хортикултурна индустрија во склоп на Anthura International B.V.

Антхура МК стратешки е лоцирана на влезот на Кочани и интензивно се развива од 2014. Ваквиот интензивен развој продолжува и во иднина со зголемување на производствениот капацитет и константно зголемување на бројот на вработени.

Реализацијата на главното мото на компанијата “Unlimited in varieties”, односно неограничена понуда на цветни вариетети бара максимална фокусираност и проактивен пристап од страна на сите наши вработени. Секој ден, секој наш вработен во својата работа вложува огромна страст и посветеност се со цел да им овозможат на нашите клиенти растителен материјал со висок квалитет.

Растенијата се произведуваат во лабораториски услови во согласност со строгите хигиенски стандарди кои се применуваат од страна на сите вработени. Антхура МК успеа да креира ефикасен и професионален тим кој го олеснува понатамошниот развој на компанијата, резултирајќи со одржлив производствен процес и производство на високо квалитетни млади растенија од видот на Phalaenopsis.

Антхура МК се стреми кон балансиран пристап спрема сите засегнати и инволвирани страни, водејќи сметка за економските, социјалните и еколошки аспекти без да ја изгуби ориентираноста кон строгите барања на пазарот. Како компанија се надеваме на просперитетна и одржлива бизнис клима во Македонија и секојдневно придонесуваме кон тоа.