Ние користиме колачиња за да ја анализираме употребата на веб-страницата и да ја подобриме леснотијата на користење. Погледнете ги нашите Политика за приватност.

Орхидеја

Уметноста на одгледувањето ја обликува иднината. Создавање нови орхидеи кои моментално се само сон.

anthura_mix_pfm_1_1920

Орхидеја

Anthura се снабдува со млади растенија Phalaenopsis кои се добиваат од меристеми. Меристемите се униформни, така што карактеристиките во однос на времето на одгледување, бројот на гранки по растение и висината на растението се похомогени. Покрај тоа, веројатноста за загуба е помала.

Младите растенија се испорачуваат во пластични садови за култура на ткиво, во кои доаѓаат со или без агар (CupGrade или Cup соодветно), или како plugs (садници). Фазата на растење на растенијата од култура на ткиво бара посебни услови. Кога спакуваните растенија се испорачуваат, тие внимателно се проверуваат за да се осигура дека имаат добар сооднос лист-корен.

Предноста на поголемите растенија во plugs – садници е тoa што тие носат помал ризик од загуба во фазата на растење. Покрај тоа, времето на нивното одгледување е 5-7 месеци пократко од растенијата од култура на ткиво. Повеќето вариетети се испорачуваат во т.н trays - подлоги од 60 растенија. Растенијата се сортираат по големина пред да се засадат во plugs - садници, што резултира со садни подлоги (trays) со униформен саден материјал. Овие поголеми растенија може веднаш да се стават во саксии.

orchidee-2_640

Процесот на Орхидеја

Истражување

Истражување

Истражување Истражувањето е важен столб во процесите на одгледување во компанијата. Со спроведување на фокусирано истражување, ние остануваме иновативни. Ова го правиме од најмалото парче ДНК до стаклена градина полна со цветни растенија. Нашата постојана желба да ги разбереме различните аспекти на растението е во срцето на ова. Во нашиот Истражувачки центар, растенијата се изложени на различни климатски услови.

Одгледување

Одгледување

Одгледувањето орхидеи е долг процес во кој највисокиот достижен квалитет е златниот стандард. Овој дел од процесот трае седум до осум години. Вкрстувањето се врши во нашата голема стаклена градина за размножување и се избираат и клонираат само најдобрите садници, по што тие се опширно тестирани и проверени.

Размножување

Размножување

По долгогодишно темелно тестирање и селекција, потенцијална сорта се размножува во нашите сопствени лаборатории. Нашите лаборатории во Кина, Северна Македонија и Холандија гарантираат флексибилност кога станува збор за размножување на нашиот саден материјал. Нашето глобално присуство обезбедува диверзификација на ризикот и сигурност на испораката до нашите сопствени производствени капацитети, кои се наоѓаат во Германија, Кина и Холандија.

Млади растенија

Млади растенија

Во најсовремена стаклена градина од 30 хектари, Phalaenopsis од лабораторијата продолжува да расте. Нашиот метод на одгледување е иновативен и енергетски свесен. Комплексот на стакленици во Арндт е опремен со целосно автоматизиран логистички систем, асимилирачко осветлување и навлажнувачи за да се обезбедат оптимални климатски услови. Секое растение потоа останува тука 10-20 недели. Производството на Phalaenopsis во садници обезбедува поголема рамномерност и униформност, почисти садни плочи и минимална загуба.

 Изложбена стаклена градина

Изложбена стаклена градина

Одгледувачите имаат можност да ги проценат најперспективните Phalaenopsis вариетети во нашата изложбена стаклена градина. Овие нови вариетети се земаат директно од одделот за размножување до изложбената стаклена градина. Ова им нуди на нашите клиенти единствена можност да го изберат својот иден асортиман во рана фаза.

Продажба

Продажба

Оваа група производи вклучува и други орхидеи покрај Phalaenopsis во саксии; Cambria, Zygopetalum, Garden Orchids и Phalaenopsis - сечено цвеќе. Секој од нашите менаџери за продажба е специјализиран за една група производи за да можат да им дадат на нашите глобални клиенти најдобри можни совети и информации

Разгледај го процесот

Контактирајте не доколку имате прашања.


18118972_1905334796357217_5022864577371672716_n