Пет години Антхура Македонија

На 19 Октомври 2019 го прославивме пет годишното работење на Антхура Македонија. Овој посебен ден го прославивме со нашите семејства, пријатели и соработници.

Покрај возрасните , и најмладите уживаа во роденденската прослава. За нив имаше детски реквизити, аниматори, натпревар во влечење јаже, цртање на детските лица и други активности. Многу радост и смеа го исполни дворот на Антхура.

Присутните со говор ги поздравија Генералниот менаџер на Антхура МК, Јохан Схеиле и Генералниот директор Стојанчо Гогушовски.

Првите вработени добија вредносни ваучери како благодарност за нивното досегашно работење.

Следуваше забава со Влатко Лозановски и ДЏ сет.

На пет годишнината на Антхура МК го прославивме успехот и посветеноста на секој вработен во оваа компанија. Се надеваме дека во иднина ќе славиме уште многу јубилеи како дел од Anthura NL која во 2018 прослави 80 години од нејзиното создавање.

Се радуваме на нови успеси во годините што следат.