Обука на тема: Организација, организациско однесување и процес на менаџирање

Менаџментот на Антура на обука на тема „ Организација, организациско однесување и процесот на менаџирање. Обуката се одржа во винаријата Стоби во близина на истоимениот археолошки локалитет. Вработените беа запознаени со содржината на презентацијата од страна на Столе Гогушовски-менаџер на Антура Мк . Во обуката беа опфатени и презентирани искуства и знаења на г-дин Гогушовски стекнати во текот на долгогодишното менаџирање со организации слични на Антура Мк.

Во својата презентација тој ги истакна значењето, улогата и взаемната поврзаност на менаџерот и вработените во една организација како и начините на нивно работење кое кореспондира или е во интерес на постигнување на зацртаните цели на соодветната организација. Целта на обуката е доближување на визијата и стекнување на нови знаења за успешно организациско функционирање во Антура и исполнување на стратегијата за развој на Антура Мк во иднина. Преку оваа и слични вакви обуки во иднина вработените ќе ги усовршуваат своите досега стекнати организациски способности. Вработените се задоволни од ваквиот начин на стекнување нови информации кои се во насока на усовршување во работниот процес.