Проактивен менаџмент и тимска синергија: Тренинг за развој преку музичка метафора
Годината која е на крај беше предизвик, но и шанса за раст и развој. На 7 Декември, нашата компанија организираше тим билдинг во чиј главен фокус беа клучните аспекти на проактивниот менаџмент, различните типови вработени и примената на музика како метафора за тимската синергија.
Во текот на тим билдингот учесниците се запознаа со различни типови личности и нивните улоги во тимот.
Проактивен менаџмент и тимски дух
Проактивниот менаџмент не значи само предвидување на проблеми, туку и иницирање на нови идеи и решенија. За да се биде успешен лидер, важно е да се разликуваат типови на вработени, да се разбират нивните потреби и стилови на работа. Преку уникатна презентација, имавме можност да разговараме како различните типови личности влијаат на тимската динамика и како да се оптимизираат тие различности за постигнување на врвни резултати.
Музиката како метафора
Музиката е совршена метафора за тимската работа. Секој член на тимот е како инструмент во една композициска целина. Во рамките на тим билдинг активностите, г. Михаил Китановски интернационален бизнис консултант преку музика ни презентираше како различните темпо, ритам и тонови на различни типови вработени можат да создадат хармонија во работењето.
Фокусот беше на клучните софт вештини: комуникација, лидерство, емоционална интелигенција и тимска работа. Постојано надградување на знаењето, експертско учење, компетентност како животен стил се дел од пораките кои беа пренесени на овој настан.
Овој тим билдинг не е само обука – тоа е инвестиција во нашата иднина, во заедничкиот успех и задоволството на нашите вработени.






