Цветно искуство

Порачувањето цвеќиња online е многу практично, но каде ентузијастите ја пронаоѓаат својата инспирација? Каде ли одат вистинските љубители на цвеќиња? 

 Цветна тура низ Холандската престолнина Амстердам не само што ни влева инспирација но, истовремено и смирува. Продавниците за цвеќиња се широко застапени и одлични амбасадори на хортикултурниот сектор. 

floral-tour_800x800

Занаетчиство

Синџирот на цветниот сектор има неколку линкови и дијалог со потрошувачите што понекогаш е тешко да се постигне. Како ние, како одгледувачи , да стигнеме до клиентите? Онлајн иницијативи се опција во подем, но вистинските продавници за цвеќе сеуште се од суштинско значење. Цвеќарниците не исчезнуваат од улиците, сега се присутни повеќе од било кога.

Холандија има околу 3.921 продажно место за цвеќиња и растенија (извор: Locatus и КБС). Старите занаетчиски цвеќарници се карактеризираат со креативност, знаење и вештини. Широка е палетата на цвеќарници и нивната понуда е разновидна а, сите тие создаваат свои индивидуални светови. Тие често се вистински амбасадори кои внесуваат огромно задоволство во својата професија.

Искуство
Она што цвеќарницата го нема не се ни продава. Огромен е изборот кој клиентите го имаат во продавница. Со лично внимание кон посетителот, цвеќарот ни посвети време со кое ѓи стимулира сите наши сетила. Музика, мирис, боја, светлина и вкус: сè беше опфатено. Постои изобилство на цветни аранжмани за приватна, но и комерцијална продажба. Благодарение на атрактивни производи, користење на фини детали, добра услуга и лично внимание, се почувствувавме поврзани со цвеќарницата.

Зелен shopping
Исто како на модната сцена, трендовите се пратат и во светот на цвеќињата. Тие најчесто ги рефлектираат новите трендови на внатрешен дизајн. Во моментов тоа е богатството на зеленило во сите продавници. Акцентот на природата не е присутен само во цветните продавници, но исто така и во продавници за облека, а во угостителскиот сектор “надворешен изглед” е внесен во затворените простории.

img_2793-small      img_2801

img_2549       img_2795

Висечки растенија, зелени листови, растенија во излозите на продавниците и книги за внатрешен дизајн кои претставуваат богатство од цвеќиња и растенија. Забележавме и многу вазни од груб нерамен материјал најчесто во земјени тонови.

santos_kwartet-small

Phalaenopsis Anthura Santos

d7663e3b87d5a4a9e423cee0b853df18

Anthurium Facetto® and Maravilla®

409b87944cd10db3f1db63a0a7aeb488-small

Bron: Home Deco

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Природни додатоци и зелени растенија во комбинација со разнобојни цвеќиња. Ние сме обземени од сета оваа убавина. Тоа е како да внесете друг свет во секоја продавница. А сега, повторно на улица, прекрасна би била можноста да се земе парче од ова искуство дома.

mg_2877-small   header-primalabel-primaflora-menno-kroon-6-400x400

Ентузијазам за пурпурна боја
Понудата на Anthurium и Орхидеи е огромна во цвеќарниците. Бевме изненадени и од големата понуда на бои. Потрошувачот има толку многу избор, но една боја се издвојува: виолетова. Тоа е трендовска боја која е особено популарна во Есен.  Цвеќарите се многу ентузијасти во врска со нашите нови виолетови вариетети:

purple-varieties

Orchid Stellenbosch, Anthurium cut flower Maravilla® and Anthurium pot plant Cirano®