Обојте го вашиот дом во зелено и претворете сè во стилот на урбаната џунгла

Урбана џунгла и природни форми, затоа што тоа е хит. Орхидеите и Антуриумите се тропски растенија, кои потекнуваат од џунглата. Тоа е причината зошто тие се еминентно погодни за т.н. ботанички начин на живеење.
Moodboard botanical

Зеленa не е само боја која ќе “свети” во вашиот ентериер. Боите како окер, златна и нежно жолта се комбинираат одлично со различните зелени тонови. Во стилот на урбана џунгла, ние буквално ја носиме природата во нашите домови.

Must-have додатоци
Внесете природни форми и предмети во вашиот ентериер и не ги заборавајте најважните додатоци: цвеќиња и растенија. Тие можат да се вметнат на најразлични начини како слики со ботанички принтови, цртежи со растенија и цвеќиња

Clarinervium_Arrow_pic700

Clarinervium и Arrow растенија

Source: VT wonen

Source: VT wonen

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Постои изобилство од декоративни предмети кои се направени од природни материјали. Размислете за перници направени од сисал(Agave sisalana) и кокосови влакна, тапети направени од материјали како што се ткаенина од коноп и бамбус, како и зелени затемнети шишиња од рециклирано стакло кои совршено одговараат на стилот на урбаната џунгла.

Само за забава
Само за најмалите, студиото за дизајн Ontwerpersduo има дизајнирано мали картонски куќи во кои можат да се садат растенија.

ontwerpduo-cottage-town-jasmins-house-18x7cm_wonen met lef

Source: Ontwerpersduo

© LISA KLAPPE

© Lisa Klappe

 

 

 

 

 

 

 

 

Внатрешни експонати
Претворете ги растенијата во експонати во ваште ентериери, давајќи му живот на просторот. Одлучете се за комбинација од цветни и зелени салонски растенија и букет од жолти цветови како новиот вид Anthurium Vanilla®, и орхидеа од видот Anthura Ферара и Anthurium Lemona® сите во нежно жолта боја. Антуриумите и Орхидеите се цвеќиња кои не бараат многу грижа за да останат убави долго време.

Anthurium Vanilla ©Anthura

Vanilla®

Lemona® ©Anthura

Lemona®

Anthura Ferrara

Anthura Ferrara