За нас

Антхура МK е технолошки високо софистицирана лабораторија чија главна дејност е производство на млади растенија од видот на Phalaenopsis.

Процесот на производство започна во Октомври 2014, а веќе во Ноември 2015 ја прославивме и првата годишнина од оперативното работење на компанијата. Ова е прва голема инвестиција од ваков тип во регионот.

Антхура МК стратешки е лоцирана на влезот на Кочани и интензивно се развива во периодот 2014/2015 година. Ваквиот интензивен развој продолжува и во иднина каде во 2017 година е планирано постигнување на максималниот производствен капацитет. Од последниот квартал на 2014  се до крајот на 2015 бројот на вработени во Антура МК се искачи на повеќе од 200 високо обучени работници.

Реализацијата на главното мото на компанијата “Unlimited in varieties”, односно понудата на неограничен избор на цветни вариетети, бара максимална фокусираност и проактивен пристап од страна на сите наши вработени. Секој ден, секој наш вработен во својата работа вложува огромна страст и посветеност за да им овозможат на нашите клиенти растителен материјал со висок квалитет. Антхура МК се стреми кон балансиран пристап спрема сите засегнати и инволвирани страни, водејќи сметка за економските, социјалните и еколошките аспекти без да ја изгуби ориенираноста кон строгите барања на пазарот.

Растенијата се произведуваат во лабораториски услови во согласност со строгите хигиенски стандарди кои се применуваат од страна на сите вработени. Антхура МК успеа да креира ефикасен и професионален тим кој го олеснува понатамошниот развој на компанијата, резултирајќи со одржлив производствен процес и добивање на високо квалитетни млади растенија на Phalaenopsis.

Ние, како компанија се надеваме на просперитетна и одржлива бизнис иднина во Македонија и секојдневно придонесуваме кон тоа.