Бидете во тренд и сами аранжирајте си букет

Можете ли да замислите букет направен од други предмети освен од цвеќиња? Изгледа композицијата букет дожвеа трансформација.


Moodboard veldboeket Шарени букети со експлозија на светли цвеќиња се многу популарни. Вообичаено емоциите се поврзани со цвеќиња и растенија и тоа сега повеќе од  било кога со широка побарувачка од страна на потрошувачите.
Зошто овие разнобојни букети се толку популарни?

‘Враќање во природа’ и берење букет од диви цвеќиња ви нуди релаксација, простор за изразување на вашата креативност и приближување кон природата. Букет направен од еден вид на цвеќе внесува спокој и мир во вашиот ентериер.

Нов цвет секоја сезона
Природата нуди широк спектар на цвеќиња и растенија, и не е случајно што букетот од диво цвеќе е синоним за летни чувства. Повеќето шарени цвеќиња цветаат главно во текот на летото, почнувајќи од спектакуларно големите цвеќиња како delphinium и foxtail lily се до малите цветови како Lady’s Mantle и Filipendula.

Расцветаните цвеќиња не се само во полињата, ливадите и шумите, ѓи има и во нашите градини. Да направите модерен букет е лесно и многу забавно. Довршете го букетот со неколку цветови Anthurium. Цветот од Anthurium ќе биде многу воочлив во вашиот букет и соодветен за оваа цел.

Мирис и боја во домот
Букет од диви цвеќиња креира вистинска експлозија од бои и мириси во вашиот дом.  Најголем избор на цвеќе има во екот на летото. Размислете колку убаво би изгледал букет од големи стебла и егзотични цветови. Само за пример, направете преубав аранжман од кромид цвеќиња, delphinium, Anthurium Previa®  и berry-гранчиња.  За појак ефект се доволни само неколку цветови во едноставна ваза.

Букет од диво цвеќе може да биде изненадувачки добро, благодарение на своите разиграни ефекти. Друга можност е да го направите цвеќето суптилен дел од вашиот ентериер со користење на весела рамка и други додатоци. Оваа уникатна интеракција меѓу цвеќиња и украсни материјали  го обојува вашиот ентериер и дава чувство на престој во природа.

Аранжери на цвеќе и цвеќари
Аранжерите на цвеќе најдобро знаат како со прекрасните цветови на Anthurium. Модните списанија се одликуваат со разнобојни букети од диво цвеќе во кои се вметнати еден или повеќе цветови на Anthurium. На ТВ се повеќе и повеќе гледаме цветови на Anthurium. Аранжерите на цвеќе знаат како да направат зачудувачки креации со Anthurium како што се  Anthurium Marea®, пурпурен антуриум Milanello или црвен  Cantello®. Постои цвеќе за сечиј вкус.

12120110_123331281356988_1830838211570528719_o

Full_Colour_pic605   moederdag_bloemenboeket_mooiwatbloemendoen (3)